Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп објави AI-слика на која го прегрнува Исус: „Ова ќе ги налути левичарите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social повторно објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција, на која е прикажан како го прегрнува Исус, со американско знаме во позадина.

— реклама —

Во објавата, Трамп напиша дека „радикалните левичари можеби нема да го сакаат ова“, но дека нему му изгледа „прилично убаво“. Сликата, која брзо се прошири на социјалните мрежи, прикажува како Исус стои зад него и го прегрнува додека тој е на говорница.

Станува збор за содржина преземена од профил кој го поддржува Трамп, каде што покрај фотографијата беше споделен и текст со религиозни и контроверзни пораки.

— реклама —
— реклама —

Ова не е првпат Трамп да објави ваква содржина. Само неколку дена претходно, тој сподели друга АИ-слика на која беше прикажан како Исус, што предизвика бурни реакции, вклучително и критики од верски групи и конзервативни коментатори кои ја оценија како богохулна.

По бранот реакции, претседателот ја избриша таа објава и изјави дека мислел оти е прикажан како лекар, а не како Исус, префрлајќи ја вината за контроверзите на медиумите.

— реклама —

Интересно е што критики за ваквите објави не дојдоа само од политичките противници, туку и од дел од неговите поддржувачи, кои оценија дека ваквите содржини се невкусни и навредливи за верниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydgdlficm01r1dRIgsqV

(Видео) Трамп не ја исклучува воената интервенција на Куба: „Сакам да го решам прашањето пред да заминам“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 2 дена

media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 2 дена

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања