Промени тема
Контакт

Трамп остро ја нападна Европа, фон дер Лајен возврати: „Никој нема право да се меша во европската демократија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
Screenshot-2025-01-21-at-14.36.31

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикува Европската Унија, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му порача дека ниту една надворешна сила не смее да се меша во демократските процеси во Европа. Нејзината реакција следи по објавувањето на новата американска Стратегија за национална безбедност, документ што предизвика силни реакции во Брисел, пренесува Политико.

Фон дер Лајен изјави дека „одлуката за тоа кој ќе ја води една држава ја носат само нејзините граѓани“ и додаде дека „суверенитетот на гласачите мора да биде заштитен“. Според неа, никој однадвор нема право да влијае врз изборните процеси во Европа.

— реклама —

Оспоруваниот американски документ содржи тези кои добија поддршка од европската крајна десница и од Русија. Во него се тврди дека Европа во следните две децении се соочува со „цивилизациско исчезнување“ и се критикуваат обидите на ЕУ да ја ограничи пропагандата на екстремните десничарски партии, што се нарекува „политичка цензура“. Документот отворено повикува на „отпор кон актуелниот европски курс во рамки на европските нации“.

Фон дер Лајен потсети дека токму поради ваквите закани Европската комисија го предложила пакетот „Штит за демократијата“, кој треба да ја засили борбата против странско мешање на интернет, особено во периоди на избори.

— реклама —

Таа оцени дека односите со САД се менуваат, но порача дека Европа мора да се потпре на сопствената сила: „Важно е да бидеме горди што сме Европска Унија, да ги препознаеме нашите капацитети и да се соочиме со предизвиците пред нас“, рече таа, нагласувајќи дека „обединета Европа“ мора да биде клучната цел.

— реклама —

Критиките од Брисел доаѓаат по интервју во кое Трамп ја опиша Европа како „континент во пропаѓање“ предводен од „слаби лидери“. Иронично, Политико неодамна го прогласи токму Доналд Трамп за личност со најголемо влијание врз европската политика во годината што доаѓа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Цената на гасот над 70 евра: ЕУ повикана да ја намали потрошувачката

Свет | пред 4 дена

mkd-429029

Фон дер Лајен добива критики од сопствениот табор за вештачката интелигенција

Свет | пред 6 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања