Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трамп призна дека Вашингтон можеби отишол предалеку со иранските лидери, Техеран возврати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Соединетите Американски Држави направиле стратешка грешка со процената дека иранското раководство ќе се распадне по убиството на претходниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, изјави генералот на Корпусот на чуварите на исламската револуција (ИРГК), Јадолах Џавани.

— реклама —

Според него, Вашингтон погрешно ја проценил стабилноста на Иран, а американските процени не ја одразувале „реалноста на иранското општество“, објави иранската новинска агенција Фарс.

Џавани оцени дека САД вршат постојан притисок врз Техеран уште од периодот пред претседателскиот мандат на Доналд Трамп, но тие напори не ги постигнале посакуваните резултати поради, како што наведе, истрајноста на Иран и решителниот одговор на земјата.

— реклама —

Претходно, Трамп изјави дека САД можеби отишле предалеку во нападите врз иранското раководство. Тој посочи дека Вашингтон сега се соочува со тешкотии во утврдувањето со кого би можел да преговара.

— реклама —

„Можеби отидовме предалеку со лидерите, бидејќи повеќе не знаеме со кого, по ѓаволите, имаме работа“, изјави Трамп на предизборен митинг во Јангстаун, Охајо, пренесе „Фајненшл експрес“.

Трамп исто така тврдеше дека никој не сака да стане претседател на Иран, бидејќи потенцијалните кандидати не биле подготвени да ја преземат функцијата.

— реклама —

Ирански претседател од јули 2024 година е Масуд Пезешкијан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-08-16-at-09.17.29

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста маса: Ќе разговараат за намалување на нуклеарното оружје

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Хаос во американскиот воздушен сообраќај: Што ги очекува Македонците што патуваат во САД?

Македонија | пред 6 часа

media-library753l9u9pj4g359nNunx

САД депортирале рекордни 483.200 лица во една година

Свет | пред 1 ден

media-library0macachlreevcFQIboH

Едно лице загина, неколкумина повредени во вооружен инцидент во Вашингтон

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања