Промени тема
Контакт

Трамп: Решив шест војни за шест месеци, знам што правам, а медиумите немаат поим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали со своите, како што ги нарече, „мировни достигнувања“ во пресрет на денешните преговори за Украина.

— реклама —

„Точно знам што правам“, порача Трамп во нова објава на социјалните мрежи.

— реклама —

Во текот на својот втор мандат, Трамп повеќепати се претставуваше како „главен мировник“, нагласувајќи ја својата улога во решавањето на глобалните конфликти. Во најновата објава тој наведе дека за шест месеци решил шест војни, „од кои една можела да заврши со нуклеарна катастрофа“.

„Сепак, морам да читам и слушам како Wall Street Journal и многу други, кои навистина немаат поим, ми велат дека сè правам погрешно во врска со руско-украинскиот хаос“, напиша Трамп.

— реклама —

Тој повторно го обвини својот претходник Џо Бајден за избивањето на војната во Украина, иако руската инвазија ја започна Владимир Путин.

— реклама —

„Нарекувајте ме како сакате – главен мировник, реалист, човек кој мисли со своја глава – но точно знам што правам. Решив шест војни за шест месеци. Една од нив можеше да заврши со нуклеарна катастрофа. А пак морам да слушам исти луѓе кои тврдеа дека Бајден знае што прави. Погледнете каде нè доведе тоа! Да не беше Бајден, војна немаше да има“, напиша Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 15 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања