Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп во ОН: „Срамота е што НАТО работи со Русија, Европа оди кон пропаст“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа обраќање на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, зборувајќи речиси четири пати подолго од предвиденото. Неговиот говор беше препознатлив по лични пораки, остри критики кон европските држави, напад врз климатската наука и обвинувања на сметка на самата организација.

Трамп го отвори говорот со шега за технички проблем со телепромптерот, по што тврдеше дека под негово водство САД влегле во „златна ера“, со пониски трошоци за енергија, храна и кредити, победена инфлација и рекордни нивоа на берзата. Тој ја обвини претходната администрација на Џо Бајден за „четири години слабост, беззаконие и радикализам“.

— реклама —

Голем дел од говорот беше посветен на Русија и Украина. Трамп ги обвини европските држави, дури и членки на НАТО, дека продолжуваат да увезуваат руска нафта и гас, додека истовремено ја поддржуваат Украина.

„Финансирате војна против самите себе. Тоа е срамота“, рече тој, најавувајќи нова рунда американски царини против Москва доколку не се постигне мировен договор, но нагласувајќи дека тие мерки ќе бидат ефективни само ако и Европа ги прифати.

— реклама —

Трамп ги нападна европските држави и поради миграциските политики, велејќи дека

„Европа е преплавена од илегални имигранти какви никогаш досега не се виделе“ и дека „земјите одат кон пропаст“.

— реклама —

Посебно се обиде да ја дискредитира климатската наука и обновливите извори на енергија, нарекувајќи ги „зелена измама“.

„Ако продолжите со оваа превара, вашите држави ќе пропаднат. Климатските промени, тоа е најголемата измама направена врз светот“, изјави Трамп, наведувајќи ја Европа како пример за последици од „погрешни зелени политики“.

Обраќањето заврши со предупредување дека САД ќе останат лидер во борбата против развојот на биолошко оружје, но и со нова порака кон ОН дека „празните декларации не го менуваат светот“.

Трамп зборуваше речиси еден час, иако правилата на Генералното собрание предвидуваат ограничување на говорите до 15 минути. Неговиот настап го следеа бројни светски лидери, меѓу кои италијанската премиерка Џорџа Мелони, украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Меланија Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 1 ден

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 2 дена

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања