Промени тема
Контакт

Трамп: „Зошто да бидеме со НАТО ако тој не беше со нас?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја доведе во прашање поддршката на САД кон НАТО, критикувајќи го Алијансата дека не му помогнала на Вашингтон во војната против Иран.

Говорејќи во Мајами, Трамп испрати директна порака до сојузниците.

— реклама —

„Секогаш би биле тука за нив, но сега, врз основа на нивните постапки, мислам дека не мораме, нели?“, изјави Трамп.

Тој оцени дека НАТО направил сериозна грешка со тоа што не ја поддржал американската страна.

— реклама —

„Мислам дека беше огромна грешка што НАТО едноставно не беше таму“, рече Трамп.

— реклама —

Американскиот претседател нагласи дека САД вложуваат огромни средства во безбедноста на своите сојузници.

„Зошто би биле ние тука за нив ако тие не се тука за нас?“, праша Трамп.

— реклама —

Овие изјави доаѓаат во контекст на зголемени тензии во трансатлантските односи, откако американско-израелската војна против Иран отвори сериозни разлики меѓу САД и нивните европски партнери.

Американската администрација ги обвинува сојузниците за недејствување, а воедно ги критикува и поради тоа што не дозволиле користење на нивните воени бази или тоа го направиле со задоцнување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп пред изборите дели по 90 долари на повеќе од 20 милиони Американци

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Трамп даде интервју од 75 минути, Slate: Тој не е добро

Свет | пред 8 часа

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп за неуспешната егзекуција во Тенеси: „Како може ова да се случи?“

Свет | пред 19 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: На сите мажи им забранивме да се натпреваруваат во женски спортови, освен на Родман и Кантер

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања