Промени тема
Контакт

Трендафилов: Добро утро на сите освен на пратениците – 2 години го блокираат зголемувањето на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryqsokl6h69s4a9BdKqaf

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов утрово од пред Собранието им посака добро утро на сите освен на пратениците затоа што како што вели 2 години го го блокираат предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати.

„Добро утро на сите освен на пратениците. Зошто освен на пратениците? Затоа што 2 години го блокираа предлогот на ССМ за зголемување на работничките плати, или за зголемување на минималната плата и зголемување на сите плати за најмалку 6000 денари. Како што им ветивме, денеска по 21 човек на две локации ќе ги блокираме да не можат да дојдат до сопствените возила на работа со кои што идат, да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и ќе мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз. Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа за да не се соочат со работниците на улица затоа што се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна пратеничката плата ќе се зголеми не само за 9,2%, туку и за 12,6% затоа што Уставниот суд голема е веројатноста да ја укине уредбата на Владата од претходната година. Тие се подготвени нивните коефициенти да ги намалат за 9% само за да не ги зголемат платите на работниците“.

— реклама —
— реклама —

Тој најави дека блокадата ќе трае до започнување на седницата на Собранието која е закажана во 11 часот.

— реклама —

„Ако не ги зголемат платите ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овлстен прелагач и ние работниците ќе им ги намалиме нивните пратенички и функционерски плати. Не осудвуваа дека иницијативата на ССМ за намалување на нивните плати била неуставна затоа што ќе дошле на минималец, па сфатиле колку тешко ќе живеат на минималец па затоа сметаат дека е неуставно да им се намалат нивните високи плати“, изјави Трендафилов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 3 дена

SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 2 седмици

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања