Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Трендафилов: Функционерите повеќе ги болат сопствените плати отколку платите на работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, обвини дека функционерите повеќе се грижат за сопствените плати отколку за стандардот на работниците, реагирајќи на ставовите на Владата за иницијативата за намалување на функционерските примања.

„Преку медиумите, информирани сме дека претставникот на Владата истакнал дека Иницијативата на ССМ за намалување на функционерските плати е полна со политикантство и најмалку ги штити интересите на самите работници и дека ова што се предлага е неуставно и веќе е докажано во минатото. Дека нивната стратегија е единствениот уставен пат – преку законски измени на коефициентите да го спречи натамошниот раст на платите и постепено да го вратат нивото пред одлуката за зголемување од 78%.

Тоа што предлага ССМ по новата формула за функционерските плати е и Уставно и Законски, па така, промената на основицата за пресметка на функционерските плати од просечна на минимална плата е намалување на функционерските плати за -40% и намалувањето на коефициентите за сложеност за -40% е намалување на функционерските плати за дополнителни -40% или по познатата формула x-y=z за математички по прецизно да разберат, ако X е 80% ( колку што се зголемени функционерските плати) - Y (намалувањето н основицата од просечна на минимална плата и дополмително намалување на коефициентите ) кој е - 80 % = Z кој е 0%, а тоа значи да си ги намалат веднаш платите за 80% за да се вратат во реалноста во која живеат работниците.

— реклама —

Дополнително, покрај намалувањето на функционерските плати, за да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањето на минималната плата ( од сегашната минимална плата и новата минимална плата).

Прашањето е како намалувањето на коефициентот на функционерските плати за 9,2 % (онолку колку што е порастот на просечната плата за 2025 година) за да не се зголемат нивните плати, но и за да не се намалат функционерските плати е Уставно и системско решение, а намалувањето за 40% на коефициентот на сложеност и намалувањето на основицата за пресметка на функционерските плати за 40% или вкупно намалување за 80% е спротивно на Уставот и на Законите.

— реклама —

Како тоа намалувањето на коефициентите за да не им се зголеми платата е Уставно, а намалувањето на коефициентите за да им се намали платата е неуставно ?

За потсетување, Уставен суд укина Уредба на Владата за замрзнување на коефициентите и така се случи енормното зголемување на функционерските плати кои сложно си ги земаат функционерите.

Но, оваа Влада минатата година со Уредби ги намали коефициентите, па така, сега кога Уставен суд ќе одлучи како што веќе одлучил, функционерите ќе добијат зголемување за 12,6% на нивната плата за 2025 година и тоа ретроактивно, затоа што порастот на просечната плата во 2025 година во однос на 2024 година беше 12,6%.

— реклама —

Најважното прашање е ова :

Уцените за тоа работниците да се откажат од правото просечната плата да им биде основица за пресметка на платата помножена по коефициент на сложеност, се дават врз основа на Уставот или врз основа на желбите на поединци во Владата и како тоа за себе сакаат решение кое ќе опстане и кое нема повторно да биде поништено од судовите, а бараат работниците сами да си поништат нешто што им следува согласно Уставот, а е забрането да го поништат и со Закон и со Општиот колективен договор?“, вели Трендафилов

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

SSM-696x419

ССМ: За четиричлено семејство потребни се над 68.000 денари, храната „голта“ третина од семејниот буџет

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
SSM-696x419

ССМ: Македонија повторно меѓу најлошо рангираните земји за работнички права

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryo1rmu63iposg6MNYk97

За живот на четиричлено семејство во мај потребни речиси 69.000 денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjub639rmhgfd8ZZKEva

Мицкоски за протестот на ССМ: Тадиционални првомајски активности, демократско право е да се бараат подобри услови

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања