Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Трет ден блокади: Товарниот сообраќај кон Шенген и натаму во прекин, штетите достигнуваат 100 милиони евра дневно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryous637tr24fl2NvzuEe

Трет ден по ред, товарниот сообраќај на граничните премини кон шенген-зоната останува во целосен прекин поради протестот на камионските превозници од Западен Балкан. Транспортерите од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина бараат од Европската Унија измена на правилото за електронска евиденција за престој, односно ограничувањето од 90 дена престој во период од 180 дена.

— реклама —

Според првичните проценки на стопанските комори во регионот, блокадите веќе предизвикуваат сериозни економски последици. Загубите, како што се наведува, на дневно ниво достигнуваат околу 100 милиони евра за целиот регион, при што најпогодени се извозно ориентираните компании, логистичкиот сектор и синџирите на снабдување.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека прашањето за примената на правилото 90/180 е отворено со Европската комисија уште од септември минатата година и дека се водат разговори за изнаоѓање решение. Тој изрази очекување дека во наредниот период ќе има напредок и дека ќе се најде модел со кој ќе им се излезе во пресрет на професионалните возачи, без да се нарушат европските регулативи.

— реклама —

Додека траат блокадите, патничкиот сообраќај се одвива непречено, а превозниците најавуваат дека протестот ќе продолжи сè додека не добијат конкретен одговор и јасна најава за промена или одложување на спорното правило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7tm7p2fs36c26XrRNEd

Трендафилов: Понудата за зголемување на платите е уште на маса, следниот пат нема да доаѓаме со понуда

Македонија | пред 1 месец

media-library0un8h0k1klk17PAewJe

„Не може грст луѓе да трупаат пари врз здравјето на сите нас!“ – Здрава котлина утре најавува блокада

Македонија | пред 1 месец

media-librarym32skuhq2gdi1Jc9VF6

Трендафилов повика на блокада: Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев

Македонија | пред 1 месец

media-librarymsk8rnlg0m7udlkdND6

Македонските превозници се повлекуваат од блокадите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања