Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трошоците за авионско гориво во САД пораснаа за 1,8 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library464v8a7tuhsc3KlDE3X

Големите патнички авиокомпании во март потрошиле повеќе од пет милијарди долари за авионско гориво, што е за 1,8 милијарди долари или 56 отсто повеќе во однос на февруари, соопшти американското Министерство за транспорт.

— реклама —

Цената по галон гориво достигнала 3,13 долари, што претставува раст од 31 отсто, додека потрошувачката на гориво се зголемила за 20 проценти.

Порастот на цените се поврзува со нарушувањата во транспортот низ Ормускиот теснец, кои ги вознемирија глобалните пазари на нафта и предизвикаа најголема криза во авиоиндустријата од пандемијата на КОВИД-19.

— реклама —

Во споредба со минатата година, кога авиокомпаниите за гориво во март платиле 3,88 милијарди долари, годинава трошоците достигнале 5,06 милијарди долари.

— реклама —

Како последица на растот на цените, голем број авиокомпании ги зголемија цените на билетите и дополнителните услуги, укинаа одредени линии и воведоа мерки за намалување на трошоците. Горивото учествува со до една четвртина од вкупните оперативни трошоци на компаниите.

Нискобуџетната компанија „Спирит ерлајнс“, која неодамна престана со работа, соопшти дека само во март и април платила дополнителни 100 милиони долари за гориво, наведувајќи го токму растот на цените како една од причините за неуспехот на планот за реструктуирање.

— реклама —

Иако дел од превозниците побараа државна помош, американските власти засега сметаат дека таква мерка не е неопходна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Свет | пред 3 дена

media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Авион на летот Даблин–Рим принудно слетал во Франција поради дојава за бомба

Свет | пред 1 седмица

media-librarycsmppud8gv1c3DR289Y

Два патнички авиона добиле дојави за бомби на летовите кон Варшава

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања