Промени тема
Контакт

Трудо одговори за најавените царините на Трамп: Ништо не е исклучено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-12-03-at-08.40.30

Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од заканите дека ќе воведе царини од 25 отсто за канадскиот увоз, изјави синоќа премиерот Џастин Трудо.

Најавите на Трамп претставуваат голем удар за канадската економија, имајќи предвид дека Канада извезува три четвртини од своите стоки и услуги на американскиот пазар.

— реклама —

„Ништо не е исклучено, доколку САД продолжат да се закануваат со царини“, рече Трудо по состанокот со премиерите на федералните провинции, каде што се разговараше за можните одговори на тарифите доколку тие навистина се случат.

Трудо не сакаше да открие детали бидејќи се уште не се знае што точно планира Трамп. „Го поддржувам принципот на пропорционалност, со други зборови, долар за долар“, изјави тој.

— реклама —

Трамп најави дека сака да воведе царини за да го принуди северниот сосед да ја зајакне граничната контрола и на тој начин да го запре протокот на мигранти, како и шверцот на синтетичката дрога фентанил. Но, таквиот потег би го прекршил договорот за слободна трговија.

— реклама —

Канадскиот министер за имиграција Марк Милер одговори дека протокот на мигранти и дрога од Канада во САД е многу мал во споредба со бројките кои доаѓаат од Мексико.

Иако Трудо и премиерите на федералните провинции тврдат дека двете нивоа на власт се обединети во нивната позиција, премиерот на Алберта, Даниеле Смит не ја потпиша заедничката декларација усвоена на крајот од состанокот. Тоа е затоа што тој се противи на идејата за ограничување на извозот на нафта, што го предложија некои федерални претставници.

— реклама —

Во споменатата декларација пишува дека доколку Отава мора да им возврати на САД, ќе обезбеди пари за работниците и ќе им помогне на компаниите да ја надоместат штетата предизвикана од царините на Трамп.

На почетокот на месецов Трудо објави дека поднесува оставка од премиерската функција и нема да се кандидира за нов мандат на парламентарните избори, кои мора да се одржат најдоцна до 20 октомври годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ofl38teubt70LC1V8v

Рускиот олигарх за свадбата на синот на Трамп: „Не разбирам зошто ми ги врати парите“

Магазин | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 2 дена

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања