Промени тема
Контакт

Уапсени сопружници за убиството на лекарот Ацо Трповски во Железара пред две години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjq1inouo0aiu0B1xBWN

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистено убиството на лекарот Ацо Трповски, кое се случи на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Во акцијата се уапсени двајца сопружници од Скопје, осомничени за извршување и прикривање на кривичното дело.

— реклама —

Полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.В. (65) и неговата сопруга С.В. (59), поради сомнение дека мажот го извршил убиството, а жената му помогнала да ги прикрие трагите.

— реклама —

Според МВР, по преземени мерки и активности, како и врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител, обезбедени се докази и е поднесена кривична пријава против М.В. за кривично дело „убиство“, а против С.В. за помагање при извршување на кривичното дело.

— реклама —

Истрагата покажала дека осомничената претходно договорила средба со Ацо Трповски на паркинг во Автокоманда и влегла во неговиот автомобил. Набргу потоа пристигнал нејзиниот сопруг, кој го извлекол Трповски од возилото и со нож му нанел девет убодни рани, од кои тој починал.

По убиството, сопружниците го ставиле телото во автомобилот, по што осомничениот го одвезол возилото до паркингот кај Поликлиниката „Железара“, каде телото било префрлено на возачкото седиште. Според полицијата, осомничената потоа ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата го напуштиле местото на настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 3 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања