Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода“, рече Мицкоски за укинување на пресудата за „Ласкарци“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarys5s3po6opt2r0lLoZgx

Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување од одлуката на Врховниот суд со која е укината пресудата за трагедијата кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица. Тој порача дека Владата нема да се откаже од борбата за правда.

Мицкоски оцени дека одлуката претставува, како што рече, „последниот обид за заштита“ на поранешната власт на СДСМ и ДУИ и на луѓето кои биле дел од неа.

— реклама —

„Имаме триесетина жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека ваквите одлуки, според него, ги засенуваат чесните судии и обвинители во правосудниот систем.

Мицкоски посочи дека за состојбите во македонското правосудство разговара и со колеги од Европската Унија, за, како што рече, да се види со какви предизвици се соочува земјата.

— реклама —

„Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Донкихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода“, рече премиерот.

— реклама —

Според него, укинувањето на пресудата претставува големо разочарување, но тој порача дека тоа нема да биде причина за откажување од заложбите за правда.

„Тука не се откажуваме и нема да очајуваме. Ќе продолжиме да се бориме, правдата мора на крај да победи и ќе победи“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски од Германија: Ги продлабочуваме економските врски, целта се нови инвестиции

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhsja852hnptp8lB0LyZ

Мицкоски по изборите во Брвеница: Растот е јасен, но недоволен за целосна победа

Македонија | пред 2 дена

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 4 дена

media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања