Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Украина нема да биде принудена на срам кој Русите го нарекуваат компромис, вели Зеленски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
1681115444_zelenski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќање од плоштадот Независност во Киев, по повод одбележувањето на Денот на независноста, порача дека секој симбол на тоа место зборува за независноста на државата.

„На овој плоштад, под нашите знамиња, нашите деца и внуци го слават Денот на независноста. Во мир и со почит, со вера во иднината и благодарност кон сите што ја бранеа Украина во оваа војна за независност“, истакна Зеленски, пренесе „Укринформ“.

Тој нагласи дека Украина никогаш повеќе нема да биде принудена на „срам што Русите ја нарекуваат компромис“. Според него, нацијата заслужува праведен мир и иднина која зависи исклучиво од самата Украина.

— реклама —

„Светот ја почитува и ја гледа Украина како рамноправен партнер. Украина стекна независност, таа не е жртва, туку борец. Украина не бара, туку нуди – сојузништво и партнерство, најдобрата армија во Европа со напредни одбранбени технологии и искуство во отпорност“, рече тој.

— реклама —

Зеленски потенцираше дека на Украина ѝ е потребна Европската унија, но и дека на Унијата ѝ е подеднакво потребна Украина – не како „сиромашен роднина“, туку како силен сојузник.

Тој додаде дека земјата ќе добие траен мир со силни безбедносни гаранции: „Тие гаранции ќе бидат толку силни што никој во светот нема ни да помисли да ја нападне Украина. Тоа е нашата цел и нешто што мора да им го пренесеме на нашите деца и внуци – силна и рамноправна Украина, европска и независна.“

— реклама —

Украина денес ја одбележува 34-годишнината од прогласувањето на независноста, кога на 24 август 1991 година, Врховната Рада го усвои Актот за независност од Советскиот Сојуз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија тврди дека уништила инфраструктура што ја користи украинската војска

Свет | пред 1 час

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Русија распиша потерница по ќерката на убиениот критичар на Путин, Борис Немцов

Свет | пред 10 часа

media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Москва под портокалов аларм поради екстремни горештини

Свет | пред 1 ден

media-librarynb44ogip0afq1g7dFWl

Одмор со неизвесност: Војната силно го погоди туризмот во Русија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања