Промени тема
Контакт

Управувал автомобил пијан и без дозвола, па предизвикал сообраќајка и избегал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhter6p93qa89dUPQo6H
Илустрација / Скопје1

Дваесет и деветгодишен жител на Дебар е лишен од слобода откако предизвикал сообраќајна незгода, избегал од местото на настанот и физички нападнал полициски службеници.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 29 мај околу 23 часот, на улицата „Зеќир Чанка“ во Дебар, бил приведен А.Л. (29) од Дебар.

— реклама —

Според полицијата, тој претходно на улицата „Амди Леши“, управувајќи патничко возило „Фолксваген Поло“ со дебарски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која бил оштетен друг автомобил, по што го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки, полициските службеници го сопреле возилото, при што, како што соопштува МВР, тој физички ги нападнал полицајците.

— реклама —

При контролата било утврдено дека возачот немал положено возачки испит, а алкотестирањето покажало 2,75 промили алкохол во крвта. Поради тоа, тој бил исклучен од сообраќај.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybp62lh7s79sd9CqKlVz

(Видео) СВР Скопје презеде мерки против возач кој го попречувал сообраќајот

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryartq581of4ts47nok1X

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Македонија | пред 8 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

10 возачи уапсени низ државата, девет немале положено возачки испит

Македонија | пред 12 часа

media-library1lvdvc5b1dijdKUHYRS

Изгубил контрола над мотоциклот и удрил во заштитна ограда, тешко повреден 38-годишен битолчанец

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања