Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Уставниот суд ја укина одлуката за ДУП-от во Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
ustaven

Уставниот суд на одлучи да ја укине одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05 на Општина Карпош.

Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска, денеска на брифинг со медиумите информираше дека Судот од утврдената фактичка состојба и анализирана документација, утврдил дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от, бидејќи се предвидува изградба на бензинска станица, која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти.

— реклама —

Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинската пумпа е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.

— реклама —

- Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош, се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, кои што се предвидени во Уставот. Но, исто така, направена е и повреда од членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП-от, изјави Беловска.

— реклама —

Уставниот суд за ова прашање одлучуваше по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година.

Во однос на прашањето за евентуална отштета зошто не е изградена бензинската пумпа, кој гради и што гради, Беловска рече дека таквите прашања и информации не се земени предвид со оглед на тоа што надлежност на Уставниот суд е да одлучува дали некој закон е во согласност со Уставот и дали некој пропис, како што е одлуката за ДУП-от е во согласност со Законот и Уставот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysgbaojslhe01foWxBzm

Ќе се реконструираат детски игралишта и урбана опрема во Карпош

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryc0ra9i9b22qk3cXZlOa

Општина Карпош почна вонредна пролетна дератизација

Скопје | пред 2 дена

media-libraryl2kqbg4390cp7RgszeK

Градоначалникот на Карпош не дал оставка, туку е на боледување - политички глодари се ситат на неговото здравје, вели Мицкоски

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryf9avl9a7dumkdDSlgu6

„Формално боледување, неформално оставка и бегство од Карпош“, вели Јакимовски за Лурковски

Коментари | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања