Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Вештачката интелигенција штеди време, но може да ја ослаби способноста за критичко размислување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-librarydbphrrfvhpto56sm5rN
Photo by Nicolás Flor on Unsplash

На работното место сè повеќе луѓе се потпираат на вештачката интелигенција за пишување електронски пораки, сумирање документи и извршување секојдневни задачи, но експертите предупредуваат дека прекумерната употреба на овие алатки може постепено да ги ослаби човечките вештини за размислување и учење.

Истражувањата покажуваат дека меѓу 44 и 52 проценти од вработените во Велика Британија користат алатки базирани на вештачка интелигенција, додека во Германија околу 80 проценти од луѓето ги користат повремено на работа. Најчесто тие служат за административни задачи или за побрза обработка на информации.

— реклама —

Според истражување на германскиот институт „Пинктум“, 43 проценти од испитаниците признале дека користат AI затоа што не сакаат подлабоко да навлегуваат во одредени теми.

Експертите предупредуваат на појавата позната како „дескилинг“ – постепено губење или неразвивање на одредени знаења и способности поради преголемото потпирање на технологијата. Според Јозефине Хофман од германскиот Институт за индустриско инженерство (IAO), најголемиот проблем не е само губењето на веќе стекнатите вештини, туку тоа што луѓето сè поретко ги развиваат способностите за критичко читање, анализа, самостојно пишување и создавање ново знаење.

— реклама —

Иако научниците сè уште немаат конечен доказ дека AI директно го намалува критичкото размислување, повеќе истражувања укажуваат на силна поврзаност меѓу честата употреба на овие алатки и послабите аналитички способности.

— реклама —

Дополнителен ризик е што луѓето, препуштајќи им ги задачите на системите за вештачка интелигенција, потешко ги забележуваат нивните грешки или неточности, што може да влијае врз квалитетот на работата.

Сепак, експертите нагласуваат дека проблемот не е во самата технологија, туку во начинот на кој се користи. Тие препорачуваат AI да се третира како алатка и партнер за размислување, а не како целосна замена за човековото расудување.

— реклама —

Воедно советуваат дел од задачите, како пишување електронски пораки, читање текстови и анализа на информации, редовно да се извршуваат без помош од вештачката интелигенција, со цел да се одржат и развиваат клучните когнитивни способности.

Според експертите, кога се користи критички и внимателно, вештачката интелигенција може да помогне во учењето, поттикнувањето на креативноста и побрзото совладување нови знаења, наместо да биде замена за човечкото размислување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp0h8ngh9jbk0fOOtTHu

Светска банка: Вештачката интелигенција може да им донесе на земјите во развој напредок од еден век за само 10 години

Свет | пред 9 часа

media-libraryrk90pro4inmj9Qc4z1L

„Снепчет“, „Јутјуб“ и „Линкедин“ почнаа борба против неквалитетната содржина генерирана со вештачка интелигенција

Магазин | пред 2 дена

media-libraryu6nv669lvkjsej9ewVF

Грок под лупа: xAI ја загуби првата судска битка околу содржините направени со вештачка интелигенција

Магазин | пред 3 дена

media-libraryhuo1qjggabab6pBGW96

Стотици приватни разговори со Claude станаа јавно достапни на интернет

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања