Промени тема
Контакт

(Видео) „Дали судницата стана сцена за поезија?“, прашуваат родителите на загинатите деца во „Пулс“ по воведните говори на обвинетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryhkb0c9l0m9i68L9KYiC
Скопје1.мк

Со неизмерна болка на лицата, родителите на 63-те млади жртви од кочанската дискотека „Пулс“ повторно маршираа низ градот. Родителите прашуваат: дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“? Дали зборовите, вештите интерпретации и правните конструкции треба да ја покријат смртта на нивните деца?

Велат, две рочишта по ред гледаат исто сценарио: префрлање на одговорноста, бегство од фактите, избегнување на вина.

„Гледаме како сите ја префрлаат топката еден на друг, а никој не застанува исправено пред вистината. Како е можно денес сите да се ненадлежни, а децата да се мртви?“, рече Александар Наунов, татко на загинатата Надица.

Маршот, велат родителите, не е против државата туку за државата конечно да почне да функционира. За да се слушне гласот на нивните деца, кои повеќе не можат да зборуваат.

Наунов нагласи дека протестот е крик за правда што ќе продолжи да одекнува:
„Не се откажуваме. Нема да молчиме. Ќе бидеме тука на секое рочиште и на секој протест, сè додека правдата не победи. Овој марш е за нашите деца, за нивните згаснати животи, за иднината на сите деца во оваа држава.“

— реклама —

Тој потсети дека Обвинителството располага со над 200 гигабајти доказен материјал – снимки, разговори, анализи, вештачења.

— реклама —

„Тоа не се празни зборови, тоа се факти“, рече.

Но и покрај тоа, одбраната продолжува да тврди дека никој не е виновен, а дел од обвинетите изјавуваат дека „не знаеле“ за постоењето на дискотеката.

— реклама —

Судењето започна на 19 ноември. На последното рочиште сите 35 обвинети се изјаснија за невини.

Следното рочиште е закажано за 10 декември, а ден претходно, на 9 декември, во Собранието повторно треба да заседава Анкетната комисија, која треба да ги утврди системските пропусти што довеле до трагедијата.

Родителите повторија:
„Не бараме одмазда. Не бараме крв. Бараме само едно – правда.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 4 седмици

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања