Промени тема
Контакт

(Видео) „Дејан, седум твои колеги и пријатели загинаа. За кого лажеш? За газдата?“, мајка на загинатиот Андреј му се обрати на сведокот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryboe8994flovicmDuquD

„Дејан, седум твои колеги и пријатели загинаа. За кого лажеш? За газдата?“. Со овие зборови Марија Петрушева, мајка на загинатиот Андреј во пожарот во дискотеката „Пулс“, јавно се обрати до сведокот Дејан Манасиев, обвинувајќи го дека ја менува вистината и свесно ја доведува во заблуда и јавноста и судот. Таа најави дека родителите на загинатите млади лица ќе поднесат кривична пријава против Манасиев поради, како што тврдат, лажно сведочење.

Петрушева посочува дека постојат длабоки и суштински противречности меѓу исказот што Манасиев го дал непосредно по трагедијата и неговото денешно сведочење во судницата. Според неа, сведокот, кој работел како шанкер во објектот, првично потврдил дека плафонот бил спуштен и обложен со сунѓер, а сега целосно ги негира тие тврдења.

„Сто сведоци кажаа дека плафонот бил спуштен. Тој сунѓер, со отровни примеси, е причината поради која нашите деца се задушија и починаа“, изјави Петрушева, во обраќање исполнето со болка и гнев.

— реклама —

Таа нагласи дека Манасиев лично ѝ ги раскажал последните моменти на нејзиниот син, но дека денешната верзија што ја изнел пред судот е целосно поинаква. Петрушева тврди дека располага и со пораки од приватна комуникација, во кои Манасиев опишува како заедно со Андреј и уште еден келнер се обидувале да излезат од објектот низ густ чад.

— реклама —

„Ми кажа дека ништо не се гледало од чадот, дека тој се вратил кон тоалетите да провери дали има заглавени деца, а Андреј и Ице продолжиле кон излезот. Денес слушаме приказна дека наводно видел триесет млади луѓе кои снимале со телефони и дека тоа предизвикало стампедо. Тоа е спротивно на сè што ми кажа тогаш“, вели таа.

Дополнително, семејствата на жртвите реагираат и на изјавите на Манасиев во врска со помошните излези и противпожарната опрема. Додека тој тврди дека една од споредните врати била отклучена и проодна, Петрушева наведува дека други сведоци и фотографии од денот на пожарот покажуваат дека вратата била заклучена со катанец и без внатрешна квака.

— реклама —

Спорен, според неа, е и бројот на противпожарни апарати. „Во обвинителството зборуваше за еден, можеби два апарати, а денес веќе се три. Не знам што се смени, но знам дека ова е сериозно контрадикторно“, рече Петрушева, додавајќи дека токму поради ваквите разлики родителите ќе поднесат кривична пријава.

Таа ја заврши пораката со оценка дека ваквото однесување не му служи на честа на сведокот, особено ако се има предвид дека и самиот изгубил блиски пријатели и колеги во трагедијата која го потресе целото општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Сведок на судењето против полициските службеници за „Пулс“: Побарал помош, но полицаецот рекол дека тоа не е негова работа

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library02ltkt8nipoq7bAli2Y

Судењето против 13-те полицајци поврзани со пожарот во „Пулс“ почна од почеток

Македонија | пред 6 дена

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко нуди имот од 200.000 евра како гаранција дека нема да избега

Македонија | пред 6 дена

media-libraryn7e2plbfuobdczCRhxM

Деко не ја давал лиценцата на увид, а улицата пред дискотеката била блокирана од паркирани возила, сведочеше инспекторка на судењето за „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања