Промени тема
Контакт

(Видео) Доживотно суспендирани двајца играчи на Беса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Спорт
media-library8482tdoin17172D29h0
Илустрација

Фудбалерите на Беса Слупчане, Орхан Демири и Ердин Арифи, добија доживотна суспензија поради инцидентот во кој физички го нападнаа голманот на Аеродром, веднаш по натпреварот од Третата лига – Север.

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе и дополнителни санкции кон клубот од Слупчане. Покрај доживотната забрана за настап на двајцата играчи, суспендиран е и домашниот терен на Беса, па клубот следните десет натпревари ќе мора да ги игра на неутрален стадион.

— реклама —
— реклама —

Дополнително, клубот е задолжен да плати парична казна, чии износ не е официјално објавен.

— реклама —

„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на дисциплинските прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот“, стои во соопштението од ФФМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

FFM

ФФМ до Шкендија: Заканите нема да ја променат изречената казна

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-library9pk54ms9c30hckJPu21

Фудбалската репрезентација на Македонија со благодарност до Босна и Херцеговина: Во Сараево се чувствувавме како дома

Спорт | пред 3 месеци

media-libraryttl4anmjf45db2vcDG0

(Видео) Македонската химна исвиркана среде Скопје

Настани | пред 3 месеци

FFM

ФФМ ги казни Вардар, Шкендија и Тиквеш – највисока санкција од 10.000 евра

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања