Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Дронови ги снимаа камионите на патиштата во Србија: За пет дена откриени над 6.000 прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Свет
media-libraryl0qe29l344cqcCzSxf3
Instagram/ mupsrbije

Со помош на дронови, српската сообраќајна полиција открила илјадници прекршоци при контролата на товарните возила и автобусите на патиштата во Србија. Во првите пет дена од меѓународната акција за засилена контрола биле евидентирани вкупно 5.924 прекршоци кај возачите на камиони и уште 275 кај возачите на автобуси.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи на Србија информираат дека дроновите биле користени за откривање возачи на товарни возила кои претекнувале на делници каде што тоа е забрането со сообраќајна сигнализација. Забраната се однесува на товарни возила со најголема дозволена маса поголема од 3,5 тони.

— реклама —
— реклама —

По запирањето, возилата биле подложени и на детални контроли, со посебен акцент на почитувањето на прописите за работното време на возачите и користењето тахографи. Против возачите кај кои биле утврдени прекршоци се поднесени соодветни пријави.

— реклама —

Акцијата се спроведува во 34 европски држави, членки на организацијата РОУДПОЛ, а во Србија ќе трае до недела, 22 ноември. Од српското МВР најавуваат дека засилените контроли на товарните возила и автобусите ќе продолжат со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување сообраќајни несреќи со тешки последици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0id7lsn0u6cf5T8CUDY

Германија инвестира многу во борбени дронови, но во Украина тие не ги погодуваа целите

Свет | пред 9 месеци

— реклама —
media-library18i26ga29ta675rNxAu

САД забрануваат нови странски дронови: кинеските DJI и Autel исфрлени од пазарот

Свет | пред 10 месеци

873x400-1-16

Украина со безмилосен удар, дронови ја урнаа руската нафтена платформа во Каспиското Море

Свет | пред 11 месец

media-library274douocelmc26TRi6w

Еден загинат и седум повредени во руски напад со дронови врз Киев

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања