Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Филипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека зголемувањето на пензиите од околу 3 отсто не е доволно за пензионерите да ги покријат зголемените трошоци и да имаат достоинствен живот.

По средбата со пензионери во скопската општина Карпош, Филипче посочи дека растот на цените и трошоците за живот дополнително го оптоварува стандардот на пензионерите, за кои, како што рече, се потребни дополнителни мерки за поддршка.

— реклама —

„Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид дека зголемување од под 3%, не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина има потребна поголема поддршка“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека на средбите со пензионерите се разговарало и за пошироките состојби во државата и политиките кои, според него, влијаат врз животниот стандард.

Филипче рече дека пензионерите се загрижени за економската состојба, задолженоста на државата, европскиот пат, како и за условите во кои живеат нивните деца.

— реклама —

„Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансите“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека, според него, голем број пензионери се загрижени и поради тоа што нивните деца бараат можности за подобар живот надвор од државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4vga89r95vis6Q7ERoC

Филипче: Зад владините бајки се кријат задолжувања и осиромашување на граѓаните

Слајдер | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 4 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања