Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Французин сам се пријавил во полиција по експлицитен разговор со „14-годишно девојче“ создадено со вештачка интелигенција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryh6vlls7nppkm9Skz0gp
screenshot youtube

Пензиониран професор по физичко образование од Франција заврши во притвор откако на интернет испраќал сексуални пораки до лице за кое верувал дека е 14-годишно девојче. Сепак, „девојчето“ било создадено со помош на вештачка интелигенција и контролирано од инфлуенсер познат по поставување стапици за педофили, објави Би-Би-Си.

66-годишниот Доминик Б. сам се пријавил во полиција во источна Франција, еден ден откако неговиот разговор со лажниот профил бил емитуван во живо на интернет.

— реклама —

Во речиси 40-минутниот разговор, кој го следеле повеќе од 40.000 луѓе, тој предлагал средба на стадионот „Парк де Пренс“ во Париз, прашувал за интимни фотографии и разговарал на сексуални теми со лицето за кое мислел дека е малолетничка.

— реклама —

Кога бил потсетен на возраста на „девојчето“, Доминик Б. одговорил дека и помлади девојчиња веќе имале сексуални искуства.

— реклама —

Француското обвинителство го товари за сексуално вознемирување на лице помладо од 15 години и барање порнографски материјал од малолетник.

Случајот отвори дебата во Франција за етичноста на ваквите интернет-стапици. Инфлуенсерот FINNYZYY тврди дека сакал да ја подигне јавната свест за сексуалното злоставување на деца, додека дел од правните експерти предупредуваат дека ваквите акции можат да ги попречат официјалните полициски истраги.

Засега не е познато дали фактот што обвинетиот комуницирал со возрасен човек, а не со вистинско малолетно лице, ќе влијае врз евентуалната судска постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протести

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-librarycadgrn7r0d7a1k4bo8e

Макрон призна: Не очекувавме толкави протести и немири во Франција

Свет | пред 2 дена

media-library1t2osmc3fu5k9vbQEFi

Едно лице загина, петмина повредени во вооружен напад во близина на Париз

Свет | пред 3 дена

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Франција се соочува со нов бран протести, владините мерки не ги задоволуваат синдикатите

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања