Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

(Видео) Герасимовски: Ја чистиме депонијата кај Ист Гејт Мол иако не е под наша надлежност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
WhatsApp-Image-2024-11-18-at-12.35.56_8897fd5f

Општина Центар ја расчистува дивата депонија во близина на трговскиот центар Ист Гејт Мол која не е под нејзина надлежност. Ѓубрето кое беше натрупано со години, а не беше собрано се чисти од страна на службите на Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски денеска направи увид на лице место да види како се одвива работата на службите.

— реклама —

„Иако не беше во наша надлежност, ние минатата недела започнавме со расчистување на дивата депонија. Депонијата од стари двоседи, троседи, фотелји, бела техника, облека и смет се расчистува од општинските служби. Оваа депонија е и под надлежност на градот Скопје, а под градот Скопје е и јавното претпријатие Комунална хигиена. Но, непостапувањето на градот не не спречи ние да не постапиме. Срамота е и недозволиво ова што се случува, во нашиот град доаѓаат туристи, а во близина има голем трговски центар. Депониите се потенцијален извор на инфекции. Не само за оваа депонија, туку за сите депонии мора да водиме грижа и да ја подигнеме свеста на повисоко ниво. Сите добро знаеме каде се фрла отпадот и сите треба да водиме поголема грижа за поздрава животна средина. Како општина секогаш ги засукуваме ракавите и бараме решение на проблемите за граѓаните да имаат подобри услови за живот“, рече Герасимовски.

— реклама —

Во месец септември, општината ја расчисти депонијата со смет и токсичен отпад зад ТЦ Буњаковец, во кој со месеци биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата беше спроведена по пријава на станарите од околните згради, извести Центар.

— реклама —

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријавуваат дива депонија на телефонскиот број 02 3203 693, или, пак на веб-страницата: https://www.centar.gov.mk/?page_id=6768.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје | пред 6 дена

media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 6 дена

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryqjecgs7lorms12274ma

Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања