Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Голем пожар во скопски Карпош утринава: изгореа два автомобили, сомнежот е дека намерно се запалени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library18sodstg79j0dDbevcM
Скопје1.мк

Два автомобили целосно изгореа утринава околу 5 часот на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, при што благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречено ширење на огнот кон други возила и објекти.

— реклама —

Според сведоштва на станари од околните згради, пред да го забележат пожарот, слушнале звуци налик на пукање и почувствувале силен и непријатен мирис.

Пожарот избувнал на паркинг простор каде биле паркирани десетици автомобили, што дополнително ја зголемило опасноста од поголема материјална штета. Огнот зафатил две возила кои целосно изгореле.

— реклама —

Жителите од околината изразуваат сомнеж дека пожарот можеби е подметнат, но засега нема официјална потврда за причините.

— реклама —

Во непосредна близина на местото на настанот се наоѓа и Амбасадата на Унгарија, но нема информации за евентуално загрозување на објектот.

Надлежните служби извршиле увид, а полицијата треба да утврди како дошло до избувнување на пожарот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9tg331hvlm0a5u84cIU

Сите основни училишта во Карпош добиваат текбол маси

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

„Дали треба да чекаме да се случи несреќа?“: Жителка на Карпош алармира за малолетници кои палат петарди

Скопје | пред 1 седмица

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања