Промени тема
Контакт

(Видео) Градоначалникот Орце пиеше вода од чешма пред камери за да докаже дека нема никаква бактерија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library21tqpobfibrf2zN7WY2

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција уверуваше дека водата од градскиот водоснабдителен систем е безбедна за пиење, повикувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на информациите што создаваат паника.

Како доказ за своето тврдење, Ѓорѓиевски пред новинарите се напи вода директно од чаша наполнета од чешма.

„Да знаете дека во Скопје водата е безбедна и дека скопјани пијат безбедна вода“, порача градоначалникот.

Тој посочи дека квалитетот на водата се контролира секојдневно, при што лабораторијата врши испитувања на 36 мерни места низ Скопје.

— реклама —
— реклама —

Ѓорѓиевски апелираше до граѓаните да не создаваат и шират паника поради непроверени информации.

„Ова е обична вода од чешма. Да знаат скопјани дека имаме најдобра и најквалитетна вода“, рече тој.

— реклама —

Градоначалникот додаде дека и тој лично, како и неговото семејство, вклучително и неговиот син, ја консумираат водата од скопскиот водоснабдителен систем.

„Да бидат спокојни скопјани, имаат кој да се грижи за нив“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Испитани 348 примероци од 54 мерни места: Водата во Скопје е безбедна

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Скопје е безбедна за пиење, сите анализирани примероци се исправни

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитаните 44 примероци

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата за пиење во Скопје е безбедна, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања