Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Граѓани се собираат во центарот на Белград во поддршка на студентите, возачите им свират

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Настани
media-library9r1aank8bbsleosgaNR

Група граѓани вечерва се собраа на раскрсницата кај Лондон во центарот на Белград, во близина на седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), за да изразат поддршка за студентската листа на предвремените парламентарни избори во Србија.

— реклама —

Според телевизијата „Инсајдер“, собраните граѓани креваат три прста во знак на поддршка за студентската листа, додека возачите што минуваат низ раскрсницата им сигнализираат со автомобилските сирени.

— реклама —

На снимките објавени од медиумот се гледа група граѓани собрани на раскрсницата, додека од возилата што поминуваат се слушаат сирени.

— реклама —

Собирот се одржува во непосредна близина на улицата „Крал Милан“, која од утринските часови е затворена за сообраќај. Во тој дел од Белград се наоѓа седиштето на РИК, околу кое во текот на изборниот ден беше забележано засилено полициско присуство.

Граѓаните се собраа по затворањето на избирачките места во 20 часот, додека Србија ги очекува првите процени за резултатите од гласањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydj8l8k84chpc3OOy5kD

Вучиќ ги победил студентите, но во Куманово

Свет | пред 43 секунди

— реклама —
media-librarytk8022d5bndkcLKTJNn

Објавени првите процени: Студентите освојуваат 139 мандати, Вучиќ останува со 104

Свет | пред 12 минути

media-librarypttd8vs6likk6CtA1Dz

(Видео) Мажите со качулки и фантомки го напуштаат „Ќациленд“, јавува Н1

Свет | пред 16 минути

media-libraryvlva4gbb4ct37say8GM

(Видео) Песни, прегратки и солзи радосници - студентите слават победа во Србија: „Нема да се делиме на победници и поразени“

Свет | пред 32 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања