Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хаос во албанскиот парламент: Факели, свирчиња и блокирана говорница, Рама одбива оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Настани
media-library98up96cgrkggfNOOCfY

Политичките тензии во Албанија продолжуваат да растат, додека студентските протести влегуваат во 18-тиот ден, а опозицијата предизвика прекин на работата на парламентот со блокада на собраниската говорница, факели и свирчиња.

— реклама —

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика демонстрантите на дијалог, но истовремено јасно стави до знаење дека не размислува за оставка, иако тоа останува нивно главно барање.

На социјалните мрежи Рама објави фотографии од поставени столчиња пред зградата на премиерската канцеларија, испраќајќи покана за разговори со студентите, кои досега ги одбиваа неговите повици.

— реклама —
— реклама —

Во меѓувреме, на денешната пленарна седница на албанскиот парламент дојде до инциденти. Пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата, запалија факели и употребија свирчиња за да го попречат утврдениот дневен ред. Поради нарушувањето на работата, седницата беше прекината двапати.

Студентските протести во Албанија во изминатите денови беа проследени со судири со полицијата, приведувања, тензии и повредени учесници. На протестното движење се приклучија и универзитетски професори, кои најавија бојкот на наставата на факултетите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjnt2jh6ag8hg8MEtOZm

17. ден протести во Албанија: Студентите и граѓаните бараат оставка од Еди Рама

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
policija-1

Нов инцидент во албанскиот парламент, опозицијата ја блокираше говорницата и запали факели

Балкан | пред 22 часа

media-libraryuh4aononqcnk75LcjPY

Албанија воведе казни до 5.500 евра за насилство на протестите

Балкан | пред 1 ден

media-librarybrt0q4caab0begsaNQd

(Видео) Хаос во Тирана: Запалени владини објекти, полицијата со солзавец, водени топови и гумени куршуми

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања