Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Хорор во Франција: 15-годишник остана без шака за време на ученички протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryhbt7pf7i7f9090z8oKg

Петнаесетгодишен ученик остана без шака за време на судирите меѓу средношколци и полицијата при интервенцијата за растурање на демонстрациите во северна Франција.

Инцидентот се случил денеска претпладне во близина на средното стручно училиште „Огист Бехал“ во Ленс, еден ден пред најавениот национален протест на ученичките синдикати.

— реклама —

Според првичните информации, тинејџерот можеби подигнал полициска граната, која потоа му експлодирала во раката. Истрагата треба да утврди како точно дошло до експлозијата.

Ученикот бил итно префрлен во болница во Лил, а неговиот живот не е во опасност.

— реклама —
— реклама —

Протестите на учениците во Франција траат веќе трета недела, а средношколците протестираат поради недоволното финансирање, пренатрупаноста во училиштата и лошите услови во образовните установи.

Префектот на департманот Па-де-Кале, Франсоа-Ксавие Лос, не ги коментирал точните околности на инцидентот, но изјавил дека меѓу 200 и 250 демонстранти фрлале различни предмети кон полицијата.

Организациите за човекови права, пак, ја обвинуваат полицијата за употреба на прекумерна сила против малолетници, вклучително и палки, солзавец и оружје што испукува гумени куршуми.

Властите водат и други истраги поврзани со полициските постапки. Меѓу нив е и случајот со 16-годишно момче кое се здобило со повреда на окото откако полицијата, според наводите на неговите пријатели, испукала гумени куршуми кон толпата демонстранти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycadgrn7r0d7a1k4bo8e

Макрон призна: Не очекувавме толкави протести и немири во Франција

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library1t2osmc3fu5k9vbQEFi

Едно лице загина, петмина повредени во вооружен напад во близина на Париз

Свет | пред 1 ден

media-libraryulcgkm0d9us934OuC9W

Франција се соочува со нов бран протести, владините мерки не ги задоволуваат синдикатите

Свет | пред 1 ден

media-library606dh2slja1t9W1PBaz

(Видео) Речиси 1.000 уапсени во Франција, Париз и натаму во судири – демонстрантите не се повлекуваат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања