Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Кузеска: „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarys0thmrjerbtf1nMst7E

На денешната прес-конференција пред Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, побара институциите да ги испитаат наводите за поврзаност на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, со компанија регистрирана во Бугарија.

— реклама —

Кузеска изјави дека јавноста дознала за, како што рече, „уште еден сериозен скандал“ што го засега највисокиот врв на Владата и посочи дека, според документи објавени во медиумите, Јанушев е поврзан со фирма во Бугарија.

Според неа, во анкетните листови што Јанушев ги доставил до ДКСК не е наведена таква поврзаност, поради што Комисијата, како што нагласи, треба веднаш да отвори предмет и да ги провери сите факти.

— реклама —

„ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта. Мора без одлагање да ги побара сите документи и да ја информира јавноста за своите наоди“, рече Кузеска на прес-конференцијата.

— реклама —

Таа на прес-конференцијата праша дали Јанушев ги пријавил сите податоци што согласно закон бил должен да ги достави и посочи дека, доколку се утврди дека криел удел или деловен интерес, ќе треба да сноси законска одговорност.

Во своето обраќање, Кузеска упати критики и кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја владејачката партија за двојни стандарди во однос на политиките кон Бугарија и европските интеграции на државата.

Од СДСМ прашуваат и дали Игор Јанушев ќе поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата додека трае евентуалната истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3lnsmmcfbhi7ttxtb5

(Видео) „По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага“, вели Кузеска

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryd8kruiqbe5k37qSmca6

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски и работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

media-librarya6lbgej0kd2p19Fss8f

(Видео) Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryml8krnvp4f8k4AMQOdU

(Видео) Кузеска: Сè што рековме се потврдува, aрамијата не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања