Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Кузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3d447olc05bm8GthigD

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес - конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да објави како биле потрошени средствата за прославата на независноста и кои компании добиле пари. Кузеска, на прес-конференција обвини дека за прославата биле потрошени повеќе од пет милиони евра преку АД „Државна лотарија“.

— реклама —

Кузеска обвини дека Мицкоски претходно тврдел оти за прославата биле потрошени „0 денари“, а сега, како што рече, е потврдено дека биле издвоени милиони евра народни пари.

Од СДСМ бараат да се објави кои компании ги добиле средствата, според кои критериуми биле избрани, како била составена тричлената комисија во АД „Државна лотарија“ која одлучувала за изборот на фирма за прославата и колкави биле исплатите за ангажираните лица.

— реклама —

Кузеска постави и прашање за составот на комисијата, посочувајќи дека нејзиниот претседател, според неа, истовремено бил автор на оркестрациите и аранжманите за концертот.

— реклама —

Од СДСМ бараат да се објави и колку средства биле издвоени за провизии и други трошоци, како и целосната документација за исплатите.

„Граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што“, порача Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3lnsmmcfbhi7ttxtb5

(Видео) „По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага“, вели Кузеска

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryd8kruiqbe5k37qSmca6

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски и работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

media-librarya6lbgej0kd2p19Fss8f

(Видео) Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryml8krnvp4f8k4AMQOdU

(Видео) Кузеска: Сè што рековме се потврдува, aрамијата не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања