Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarydit3th8jfpigbhhPajl

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски нетранспарентно преговара со потенцијални инвеститори за изградба на комерцијални центри за податоци, при што, како што тврди опозициската партија, во игра се државни ресурси како вода, електрична енергија и земјиште.

Кузеска побара од Мицкоски да открие со кои инвеститори преговара и под кои услови.

— реклама —

„Мицкоски вели дека сè ќе биде транспарентно, а јавно признава дека преговара со пет-шест инвеститори. Со кого се договара Мицкоски „под радарот“ никој не знае. Имиња не се објавуваат“, рече Кузеска.

Од СДСМ прашуваат на кого, како што велат, Владата планира да ѝ ги стави на располагање водата, земјиштето и електричната енергија, како и колку би чинеле таквите договори за граѓаните.

— реклама —

Кузеска се осврна и на тврдењата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков дека комерцијалните центри за податоци имаат поврзаност со Реформската агенда на Европската Унија. Според неа, станува збор за две различни категории проекти.

„Што има заедничко националниот центар за податоци за чување на податоците на државните институции со комерцијалните центри за податоци што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода? Апсолутно ништо. Станува збор за две сосема различни работи“, изјави Кузеска.

— реклама —

Од СДСМ обвинуваат дека со поврзувањето на овие две теми Владата, како што велат, се обидува да ја збуни јавноста и да ги оправда плановите поврзани со приватни инвестиции.

„Станува збор за обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити“, рече Кузеска.

Од опозициската партија повторно побараа Владата да објави детали за разговорите со потенцијалните инвеститори и условите под кои би се реализирале најавените инвестиции во центри за податоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya6lbgej0kd2p19Fss8f

(Видео) Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryml8krnvp4f8k4AMQOdU

(Видео) Кузеска: Сè што рековме се потврдува, aрамијата не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Македонија | пред 3 седмици

media-librarya5upja0qmmpscCb0MWC

(Видео) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри - во тек е голема пљачка на Македонија!

Македонија | пред 3 седмици

media-library0s17o3il5so0cojADqS

(Видео) Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања