Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) ЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryusn0ck9ucr2g2q0yQGJ

Либерално-демократската партија (ЛДП), по последните случаи на насилство во Гостивар и инцидентите со употреба на огнено оружје на свадбени веселби, предложи формирање семејни центри во секоја општина како мерка за превенција на врсничкото насилство и други општествени проблеми.

— реклама —

Во видео-објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова истакна дека во овие центри би работеле социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе обезбедуваат поддршка и за децата и за нивните родители.

— реклама —

Според Зајкова, центрите би нуделе советување, психосоцијална поддршка и едукација, со цел навремено да се препознаат и спречат проблемите.

Членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски, оцени дека општеството премалку вложува во превенција, а реагира дури кога проблемите ќе станат сериозни.

— реклама —

„Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое ги занемарува семејството, воспитувањето и менталното здравје“, истакнува Јанкоски во видео-објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 3 дена

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycqre8khoipbt4AXth40

ЛДП: Можна страшна економска хаварија - АЛТА е само првото домино од увозот на сомнителен српски и унгарски капитал!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања