Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Мајка од Кочани ги објави последните снимки од ќерката во дискотеката „Пулс“: Последниот танц на моето дете е снимен – последниот здив, последниот поглед, последната надеж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library8bhlgo0tkq6c7fQDOta

Со потресна објава на социјалните мрежи, Стојка Иванова Антова, мајката на загинатата Ивона Антова, едно од младите девојчиња кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели делови од последните видеа на својата ќерка — моменти исполнети со смеа, музика и живот, кои само неколку минути подоцна се претворија во трагедија.

„Последните видеа… последните мигови кога моето дете беше живо, среќно, насмеано… кога уште ни светеше животот пред очи. Ги гледам тие снимки и секој пат ми се ломи срцето — затоа што таму е нашата единствена ќеркичка Ивонче, со својата чиста насмевка, со својата душа полна со светлина“, напиша мајката.

— реклама —

Стојка со солзи во очите опишува како ја гледа својата ќерка на видеата во последните секунди пред пожарот, опкружена со пријатели, музика и смеа. Тие снимки, вели, се нејзината „најболна, но и најсвета спомена“.

— реклама —

„Во 2:34 часот… видеото што е мојот најголем кошмар, моментот кога започнува мракот што ми ја изеде душата. Гледам како моето дете се турка кон вратата… како бара само воздух, само живот“, сведочи таа.

Со потресни детали, мајката опишува сцени од трагичните моменти: паниката, чадот, крикот за помош, и тишината што следи.

„Моето дете — чекор пред излез, чекор пред спас… а никој не ја прибрал. Ја туркале назад, ја газеле, ја удирале. Гледам како се бори за здив, како бара спас, како му вели на момчето ‘брат, помогни’ — а никој не слуша…“, пишува таа.

— реклама —

Во објавата, Стојка Антова признава дека секојпат кога ги гледа тие видеа, срцето ѝ се распаѓа, но и дека само тие снимки ја одржуваат жива.

„Тие видеа ми се и болка и утеха. Болка — затоа што знам што ја чека. Утеха — затоа што ја гледам жива, светла, моја. Тоа се последните секунди кога ја гледам како танцува со чисто срце, без да знае дека тоа е нејзиниот последен танц на овој свет.“

Објавата на мајката на Ивона предизвика силни емоции и реакции низ јавноста, повторно потсетувајќи на трагедијата во „Пулс“ во Кочани, кога во пожарот животот го загубија 62 млади лица.

Нејзините зборови се сведоштво за незатворената рана на родителите, кои и натаму бараат вистина, одговорност и правда за загинатите деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања