Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Најмалку три жртви во крвав напад во метро во Тајван, напаѓачот починал при бегство од полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-librarykbdpa5pkaqqr0jO1LDf

Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени во синоќешниот напад што ја потресе тајванската престолнина Тајпеј. Напаѓач вооружен со нож, димни бомби и запаливи направи создаде паника на неколку метро-станици за време на најголемата попладневна гужва, по што почина откако паднал од зграда додека полицијата се обидувала да го уапси, јавува Би-Би-Си.

— реклама —

Нападот започнал околу 17:20 часот по локално време на главната метро-станица во Тајпеј. Според тајванскиот премиер Чо Јунг-тај, 27-годишниот осомничен, идентификуван како Чанг Вен, најпрво активирал димни бомби и Молотови коктели. Еден маж кој се обидел да го совлада напаѓачот бил удрен со тап предмет и подоцна починал во болница.

По првиот напад, осомничениот побегнал низ подземен трговски центар кон метро-станицата Џонгшан, оддалечена околу 800 метри. За време на бегството, тој влегол во хотелот каде што престојувал, од каде земал дополнително оружје, а потоа се вратил на улица пред станицата Џонгшан.

— реклама —

Таму повторно активирал димни бомби и започнал неселективно да напаѓа минувачи со нож. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледаат луѓе како во паника бегаат, додека напаѓач облечен во црно фрла димни бомби и се движи низ јавниот простор.

— реклама —

Во обид да ѝ побегне на полицијата, осомничениот влегол во блиска книжарница и трговски центар. Откако бил опколен од полициски сили, паднал од зграда и со тешки повреди бил пренесен во болница, каде што подоцна починал. Мотивот за нападот засега останува непознат.

По инцидентот, премиерот Чо Јунг-тај нареди итно зајакнување на безбедносните мерки на сите метро-станици, железнички станици и аеродроми низ земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypfjo4f5db7ui7Sm0L0q

(Видео) Тајфун го опустоши Тајван: Еден загинат, речиси 530 повредени и огромна материјална штета

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-library558alapq2ialfMrzqYo

(Видео) Тајфун го парализира Тајван: Еден загинат, 94 повредени и речиси 1.000 откажани летови

Свет | пред 1 ден

media-libraryj3ambs513co59nHiVIx

САД ги намалува царините, Тајван отвора пазар за американска стока

Свет | пред 8 месеци

media-librarynjpo5ednjjb55EI2aHB

Кина со најобемни воени маневри околу Тајван: истрелани ракети и симулирана блокада на островот

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања