Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) НАТО итно ги крева борбените авиони, граѓаните се предупредени: „Излезете веднаш“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw
Photo by Mike Andersen on Unsplash

Во Летонија денеска беше прогласена воздушна тревога откако неидентификуван дрон влегол во воздушниот простор на земјата, што е трет ваков инцидент во последните три дена.

Според летонските национални вооружени сили, најмалку едно беспилотно летало било детектирано над територијата на државата, по што биле активирани борбени авиони на НАТО задолжени за воздушно патролирање над Балтикот.

— реклама —

На жителите во погодените области им било препорачано веднаш да останат во затворен простор и да побараат засолниште во објекти, следејќи го правилото „два ѕида“, мерка за цивилна заштита што треба да ја намали изложеноста при евентуални експлозии.

— реклама —

Летонската армија соопшти дека се засилени и капацитетите на противвоздушната одбрана долж источната граница со дополнително распоредување единици.

— реклама —

Инцидентот доаѓа во период на зголемени тензии во балтичкиот регион, каде што во последните денови слични случаи беа регистрирани и во Естонија и Литванија. Во Естонија, борбен авион на НАТО неодамна собори украински дрон кој навлегол во нивниот воздушен простор.

— реклама —

Русија повторно изнесе обвинувања дека Украина наводно подготвува напади врз руска територија користејќи ги балтичките земји како база, но за тие тврдења не беа приложени докази. Летонските власти и официјален Киев претходно ги демантираа ваквите наводи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

mark-rute-1

Руте од Варшава: НАТО ќе го брани секој дел од полската територија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nato-mrezi

НАТО предупредува: Во случај на војна во Европа може да нема доволно гориво за воените авиони

Свет | пред 1 седмица

mark-rute-1

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници во војната во Украина

Свет | пред 1 седмица

nato-zastava

НАТО ја менува воената стратегија: Русија станува главен приоритет

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања