Промени тема
Контакт

(Видео) Научници открија како земјотресот од 2011 година дополнително ја поместил Јапонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarytd6nle44veqh9mp2BZJ
screenshot X

Научници од Универзитетот во Чикаго открија досега непознат сеизмички феномен поврзан со катастрофалниот земјотрес што ја погоди Јапонија во 2011 година. Според нивното истражување, одредени делови од земјата биле дополнително поместени кон исток за околу пет до шест милиметри поради рефлектирани сеизмички бранови од длабочините на Земјата.

Истражувањето покажува дека најмалку еден сеизмички бран, кој се одбил од границата меѓу Земјината обвивка и надворешното јадро на длабочина од околу 2.900 километри, одиграл важна улога во дополнителните геолошки процеси по разорниот потрес.

При анализата на податоците од јапонската ГПС-мрежа GEONET, научниците забележале исклучително јасен сигнал од таканаречениот ScS-бран. Иако ваквите системи регистрираат движење на тлото, а не директно сеизмички бранови, сигналот бил толку силен што бил забележан дури и во Кина.

— реклама —

Дополнителните анализи покажале дека дел од ГПС-станиците не се вратиле во својата првобитна положба по минувањето на брановите, туку останале трајно поместени за неколку милиметри. Со тоа била исклучена можноста да станува збор за грешка во обработката на податоците или за друг познат геолошки процес.

Според моделите изработени од истражувачите, рефлектираниот сеизмички бран можел да предизвика мало лизгање долж веќе напнати тектонски раседи, што резултирало со минимални, но трајни поместувања на површината.

— реклама —

Разорниот земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала ја погоди североисточната обала на јапонскиот остров Хоншу на 11 март 2011 година. Потресот траел околу шест минути и се смета за најсилниот регистриран во историјата на Јапонија.

— реклама —

По земјотресот следуваше катастрофално цунами со бранови високи до 40 метри, кои навлегоа километри во внатрешноста на копното и предизвикаа огромни разурнувања. Катастрофата доведе и до нуклеарната несреќа во Фукушима, а според официјалните податоци животот го загубија или се водат како исчезнати околу 20.000 лица. Материјалната штета беше проценета на повеќе од 150 милијарди долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysid997gpgc1f7wob0Zd

Рекорд во Јапонија: Бројот на стогодишници за првпат надмина 100.000

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryd6iddvtjtlcp6Of6P9H

(Видео) Јапонија под силно невреме: Рекордни врнежи, парализиран сообраќај и 41 повреден

Свет | пред 1 седмица

media-library9iivud2dpf0u8sZqOz0

(Видео) Тајфун се приближува до Јапонија: Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи и поплави

Свет | пред 2 седмици

media-libraryt9mqjo89bmfs3aUR7tW

На 115 години почина најстарата жителка на Јапонија

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања