Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Видео) Некој си присвоил јавни паркинг-места во Скопје Север, Општина Бутел ги отстрани блокаторите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-library6ri49op67sii1VsDMpD

Нелегално поставени метални блокатори на јавни паркинг-места во населбата Скопје Север денеска беа отстранети од екипите на Општина Бутел, откако граѓани пријавиле дека дел од јавниот простор е узурпиран.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, соопшти дека со интервенцијата се ослободени паркинг-местата кои биле незаконски зафатени со метални пречки.

— реклама —
— реклама —

„Скопје Север – крај на узурпацијата на јавниот простор! Нема приватизација на јавни паркинзи!“, порача Костовски.

Според градоначалникот, акцијата следувала по пријави од жителите на Скопје Север, кои реагирале поради нелегално поставените блокатори.

— реклама —

Со нивното отстранување, паркинг-местата повторно се ослободени за јавна употреба.

„Никој нема право да присвојува јавен простор! Ред мора да има. Без исклучоци!“, нагласи Костовски.

— реклама —

Засега не е соопштено колку метални блокатори биле отстранети, кој ги поставил и дали против одговорните лица ќе бидат преземени дополнителни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeus7jljetb3s6HRbAC9

Бутел доби нов мега парк: „Бутелска оаза“ пуштена во употреба

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library3m81m77u9rg57o4H5RP

(Видео) Автомобил се преврте во Бутел утрово

Скопје | пред 1 седмица

media-library8b2i0t7pgo7qbjwFSMF

Колумални редари во две смени низ Бутел: ќе ловат кој загадува, уништува и паркира на зелени површини

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Линијата 35 продолжува до Радишани – Бутел ќе добие директна автобуска врска со Аеродром

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања