Промени тема
Контакт

(Видео) Немири во Хаг по пресудата за Тачи, полицијата уапси повеќе демонстранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Настани
media-librarycuqvkiggldriaXRjnea

Напнато беше денеска во Хаг по изрекувањето на пресудите за Хашим Тачи и тројцата поранешни команданти на УЧК. Поддржувачи на обвинетите се собраа на плоштадот Маливелд, каде што протестираа против одлуката на Специјализираните совети на Косово.

Според извештаите од местото, дел од демонстрантите се судриле со полицијата, а повеќе лица биле уапсени. Снимките покажуваат зголемено полициско присуство и инциденти меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

— реклама —

Протестите се одржуваат во близина на институциите каде што се водеше судскиот процес против Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Холандските власти претходно ги засилија безбедносните мерки поради најавените демонстрации.

— реклама —

Тензиите се зголемија веднаш по објавувањето на пресудите. Тачи беше осуден на 25 години затвор, додека Весели, Селими и Красниќи исто така беа прогласени за виновни и добија затворски казни.

Четворицата беа прогласени за виновни за воени злосторства, меѓу кои убиства, незаконско лишување од слобода, тортура и сурово постапување. За делот од обвинението што се однесува на злосторства против човештвото, тие беа ослободени поради недостиг на докази.

— реклама —

Во Хаг пристигнаа голем број поддржувачи на поранешните лидери на УЧК од Косово и од дијаспората. Тачи и останатите обвинети и натаму имаат значителна поддршка во Косово, а нивните приврзаници ја сметаат пресудата за неправда кон поранешната УЧК.

Илјадници луѓе протестираа и во Приштина, каде што беа истакнувани знамиња и симболи на УЧК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Хаг го продолжи рокот за жалби во предметот против поранешните водачи на УЧК

Балкан | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Тачи по пресудата во Хаг им се заблагодари на граѓаните на Косово за големата поддршка и ги повика да останат смирени

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryocdpa3ak45g5dirkvUt

(Видео) Протести во Приштина по пресудите во Хаг: Пиротехника, камења и навреди кон Србите

Настани | пред 3 седмици

media-libraryplr3fhh2krar4OiXSMl

По пресудата во Хаг стигнаа реакции од Кадриу, Села, Касами и Меџити: „Последниот збор сè уште не е кажан“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања