Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Невреме со поројни дождови во Шпанија: Загина маж, патиштата се претворија во реки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarylq01ndtm5edr9jAR4P9

Едно лице загина во силното невреме што ги зафати подрачјата околу Барселона и Валенсија на шпанскиот средоземноморски брег, предизвикувајќи поплави, прекин во сообраќајот и откажани летови.

Мажот бил однесен од надојдената вода заедно со автомобилот додека се обидувал да помине преку мал поток во близина на Оливела, југозападно од Барселона. Неговото тело било пронајдено неколку часа подоцна од спасувачките екипи. Според шпанскиот весник „Ла Вангардија“, станувало збор за британски државјанин кој живеел во тој регион.

— реклама —

Во средата, во подрачјето околу Барселона за само неколку часа наврнале до 80 литри дожд на квадратен метар. Уште пообилни врнежи имало во Валенсија и околината, каде што биле измерени до 100 литри на квадратен метар.

— реклама —

Поради невремето биле откажани летови, а локалниот сообраќај бил отежнат и во Барселона и во Валенсија. Патиштата во североисточниот дел на Шпанија биле претворени во надојдени водотеци, а поплавени биле и подруми.

Силниот ветер, со удари до 100 километри на час, корнел дрвја, а поради невремето била откажана и фудбалска средба од првата лига. Поплавени патишта имало и во регионот Мурсија.

— реклама —

Валенсија во октомври 2024 година беше погодена од едни од најтешките поплави во историјата на Шпанија, во кои загинаа најмалку 229 лица, а материјалната штета се проценуваше на милијарди евра.

— реклама —

Шпанската национална метеоролошка служба АЕМЕТ предупреди дека сè потоплото Средоземно Море, поврзано со климатските промени, може да придонесе за почести екстремни врнежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Санчез најави помош за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Шпанија

Свет | пред 14 минути

— реклама —
media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија: За преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Свет | пред 1 ден

media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Шпанскиот министер одбива да поднесе оставка по судирот на возовите со 69 загинати

Свет | пред 2 дена

media-libraryb8m6aod3qjcv6kV6K9S

Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 69

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања