Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

(Видео) Никола Груевски ја вжешти атмосферата во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryght2av6lqn1a6KsQdOC
YouTube/Print Screen

Кавга, паузи за смирување на атмосферата, навреди. Причина за ваквата состојба кои ги разменија Миле Талески од СДСМ и министерот за правда Игор Филков е поранешниот премиер Нккола Груевски

— реклама —

Талевски на седницата за пратенички прашања, праша дали Министерството за правда поднело ново барање до Унгарија за екстрадици на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски. Според него имало индиции дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за враќање на експремиерот во државата.

Филков им одговори на СДСМ дека Груевски има политички азил, се занимаваат со циркус, а не со реална работа.

— реклама —

,,Мора да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап. Што уште треба да направите за народот да ви ја прати пораката и на следните избори. Значи, да се соземете, да бидете сериозни затоа што не е добро тоа за вас ниту како опозиција ниту за државата да се занимавате со циркус а не со реална работа. Тоа граѓаните ви го кажаа и на последните избори а убеден сум дека и следниот пат кога и да бидат парламентарните избори ќе ве пратат во историјата”, рече Филков.

Талески врати дека власта признала дека нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски.

„Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтронството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди дека Министерството за правда нема поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, барам, овој мизерен одговор од мизерниот министер да го поднесе писмено.Зошто Министерството за правда до овој момент нема поднесено барање до Унгарија за екстрадиција на

Никола Груевски? “ рече пратеникот Миле Талески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nikola-gruevski-45

Случајот „Талир“ со изменето обвинение: застаре злоупотребата, останува перењето пари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryesjluo5rjtfs9OSTlov

Груевски од Будимпешта честита Василица и Сатара Нова Година: „Честит именден на сите кои го носат името на Св. Василиј“

Македонија | пред 2 месеци

nikola-gruevski-45

Становите на Груевски драстично поевтинуваат, нова аукција за луксузните апартмани на Водно

Скопје | пред 3 месеци

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Ристоска: Одбраната намерно го влече „Талир 2“ – нека се појави Груевски и нека признае вина

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања