Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Николоски: На пругата кон Бугарија се градат мостови високи колку 20-катници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Настани
media-libraryu29b6m4frvvn03ln4lA

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, како дел од Коридорот 8 кон Бугарија, претставува еден од најсложените и најамбициозни инфраструктурни проекти во поновата македонска историја.

— реклама —

Според него, на оваа делница се градат мостови со столбови високи до 61 метар, што, како што посочи, е повисоко од многу повеќекатници во урбаните средини.

„На делницата Бељаковце – Крива Паланка се градат мостови со столбови високи до 61 метар – повисоки од повеќекатници во урбана средина. Во изградбата ќе бидат вградени десетици илјади тони железо и 125.000 кубни метри бетон. Ова не е само железница, ова е инженерско чудо и доказ дека Македонија е способна за големи подвизи“, истакна Николоски.

— реклама —

Тој нагласи дека проектот е доказ за капацитетот на државата да реализира комплексни градежни зафати од стратешко значење, кои ќе придонесат за подобра регионална поврзаност и економски развој.

— реклама —

Железничката делница Бељаковце – Крива Паланка е дел од источниот крак на Коридорот 8, кој треба да ја поврзе Македонија со Бугарија и да овозможи побрз транспорт на патници и стоки меѓу двете земји и поширокиот регион.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања