Промени тема
Контакт

(Видео) Нови игри со јавните набавки во ЈСП, скопјани се жртви на кавгите Мицкоски-Арсовска, вели Јанчева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Ljubica1

„Како советничка група во Советот, СДСМ и коалицијата најостро регира на продолжувањето на политичките игри во Град Скопје особено околу јавниот превоз. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП а власта игра партиски игри, спроведува блокади и се пресметува“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

„Политичките пресметки меѓу Мицкоски и Арсовска се врз грбот на граѓаните на Скопје и мора да прекинат.

Тендерот за набавка на нафта за потребите на ЈСП е дефинитивно поништен. Се пријавил еден оператор кој не доставил банкарска гаранција.

— реклама —

ЈСП Скопје интервентно, склучи договор за набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари, односно, речиси два милиони евра.

Имало само еден понудувач, според јавно достапните информации тоа била компанијата Пуцко Петрол која била избрана во оваа набавка без тендер. Оваа итна постапка била одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на Владата.

— реклама —

За да биде лицемерието поголемо токму постапката околу тендерот се спореше од власта минатата недела и ЈСП остана без нафта а граѓаните без превоз. И тогаш и сега стануваше збор за ист оператор.

Очигледно е дека политички игри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите на релација Мицкоски-Арсвоска се главна причина зошто граѓаните на Скопје немаат превоз, немаат град.

— реклама —

Скопјани се жртви на неспособноста и меѓусебни кавги меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.

СДСМ бара веднаш да прекинат овие пресметки и блокади, власта да ја преземе својата одговорност и да помогне на граѓаните на Скопје наместо да им одмага“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryda4vmgc1bqtd8h7b7Nk

Од 1 септември ЈСП Скопје воведува зимски возен ред

Македонија | пред 3 седмици

bus

Линијата 37 од 1 септември со нов возен ред: Еве кога ќе сообраќаат автобусите

Скопје | пред 3 седмици

media-library2sljoe3lon7f4rsui19

Автобусот со број 37 повторно на скопските улици со нова траса

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања