Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Нови украински напади врз Русија: Погодени руски ракетно-вселенски центар и аеродром за борбени авиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarykhknj2k78jkk0C2FKUq

Украинските сили извршиле напади врз руски воени објекти во Самарската област, меѓу кои и руски ракетно-вселенски центар и воен аеродром, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски на „Телеграм“ наведе дека бил погоден ракетно-вселенскиот центар во Самара, како и воен аеродром, кој се користел како база за борбени авиони.

— реклама —

Локалните власти во Самарската област потврдија дека во регионот бил извршен напад, но соопштија дека цел била индустриска инфраструктура. Градоначалникот на Самара, Иван Носков, изјави дека противвоздушната одбрана одбила, како што го опиша, „огромен напад“.

— реклама —

Според него, индустриската инфраструктура претрпела ограничена штета, без да бидат објавени детали за конкретниот објект кој бил погоден.

Украина и претходно извршувала напади врз енергетската инфраструктура во Самарската област, вклучително и врз рафинерија за нафта во градот Сизран на реката Волга. Киев со ваквите напади настојува да изврши притисок врз Москва за прекин на воениот конфликт.

— реклама —

Зеленски дополнително соопшти дека украинските сили погодиле и руско нафтено постројување во Уст-Луга, на Балтичкото Море. Тој не прецизираше за кој објект станува збор, но наведе дека бил оштетен во нападот.

— реклама —

Претходно беше објавено дека Украина извршила напад и врз руска постројка за преработка на природен гас во пристаништето Уст-Луга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 14 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 17 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања