Промени тема
Контакт

(Видео) Од „не ни треба никој“ до барање помош: Трамп во контрадикции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp
The White House

На социјалната мрежа X се споделува видеоснимка од американската телевизија CNN, на која се гледа како претседателот на Соединети Американски Држави, Доналд Трамп, за време на прес-конференција изнесува целосно спротивставени ставови за американските сојузници и стратегијата кон Иран.

— реклама —

Монтажата од прес-конференцијата одржана на 16 март јасно ја прикажува реториката на Трамп. Од една страна, тој арогантно ја отфрла потребата од сојузници со порака дека „не ни треба никој“, додека веќе во следниот момент бара нивна воена помош за обезбедување на Ормускиот теснец поради ескалацијата на конфликтот со Иран.

— реклама —

Во описот на видеото што се шири на интернет се наведува дека станува збор за монтажа на Си-Ен-Ен која покажува како Трамп во период од само еден час повеќепати си противречи. Во објавениот материјал неговите изјави се редат една по друга, создавајќи впечаток на конфузна надворешна политика. Во еден момент зборува за отворање на теснецот и вели дека „сакаме да дојдат и да ни помогнат“, а само неколку минути подоцна истакнува дека САД се најсилната нација и дека не им е потребна ничија поддршка.

— реклама —

Овој краток исечок дополнително го нагласува веќе забележаниот образец на противречности во јавните настапи на Трамп. Потсетување доаѓа и од тимот за проверка на факти на Си-Ен-Ен, кој уште на 10 март укажа на слични недоследности во неговите пораки поврзани со војната, кога во рамки на исти говори преминува од засилени закани кон нејасно дефинирани стратешки цели.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: „Знам повеќе за сè од кој било човек во светот“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп формира нова работна група за вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп назначи специјален пратеник за прашања поврзани со затвореници

Свет | пред 1 ден

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања