Промени тема
Контакт

(Видео) Опасен тренд однесе нови животи: Две малолетнички мртви на покрив од воз во Њујорк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryftb02s05rnebfina4yY

Две малолетнички го загубија животот во саботата на покривот на воз од њујоршкото метро, следејќи го опасниот тренд познат како „subway surfing“ – возење на покривот на возот, соопшти NBC News.

Полицијата соопшти дека се работи за 12-годишната Земфира Мухтарова од Бруклин и 13-годишната Ебa Морина од Менхетен. Девојчињата биле пронајдени без знаци на живот на покривот од возот на линијата J, на станицата Марси авенија – Бродвеј во Вилијамсбург, околу 3 часот по полноќ.

Претседателот на њујоршкиот оддел за јавен превоз, Деметриус Кришлоу, ја нарече нивната смрт трагедија и апелираше до младите да не ризикуваат со вакви опасни активности.

— реклама —

Кандидатот за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека е „скршен од болка“ и предупреди дека ова е уште еден потсетник колку „сурфањето“ на метро возовите е смртоносно.

— реклама —

Американските медиуми пренесуваат дека само во 2023 и 2024 година во Њујорк се забележани вкупно 18 смртни случаи поврзани со овој опасен тренд. Полицијата почнала да користи дронови за надзор на возовите, а властите велат дека годинава спречиле 52 потенцијални трагедии.

Трендот „train surfing“ се проширил преку социјалните мрежи, каде што млади корисници објавуваат ризични видеа.

— реклама —

Мајката на 15-годишниот Закери Назарио, кој загина во 2023 година при сличен инцидент, поднела тужба против компаниите ByteDance, TikTok и Meta, обвинувајќи ги дека нивните алгоритми промовираат содржини што поттикнуваат деца да се впуштаат во опасни предизвици. Компаниите ги отфрлија обвинувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarygknccjcp557530nDT14

Поранешен олимписки спортист обвинет за оштетување на базен се изјасни дека не е виновен

Свет | пред 1 месец

media-library9tbupk95mcqt6Xqk74b

Жени во Америка биле затворени во вила и принудувани да снимаат содржина за OnlyFans

Свет | пред 2 месеци

media-librarypdl0nmb7ruhgcevAO3U

Скандал што ја потресе Америка: косопственичка на погребална фирма осудена на 30 години затвор за сквернавење речиси 200 тела

Свет | пред 3 месеци

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон ги олабавува правилата: американските војници ќе можат да внесуваат лично оружје во базите, растат стравувањата од повеќе самоубиства

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања