Промени тема
Контакт

(Видео) Општински камиони на Гази Баба со црвени таблици фатени кај дивата депонија во Јурумлери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-library1k3fad564ok99s3UAoA

Покрај нивите во Јурумлери, на околу два километри од складиштето за отпад во Трубарево, никнува нова депонија. Покрај патот купишта отпад, а на крајот од патот биле затекнати и возила на јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“. Жител кој ни го испрати видеото, посочува дека тука се истурал отпад. Од снимката се гледа како едно возило заминува, додека друго искипува со крената приколица. Двете имаат црвени таблици, што означуваат дека се државна или општинска сопственост.

— реклама —

Случајно или не, оваа снимка, била направена истиот ден (26 септември) кога во Гази Баба се собираше смет и се чистеше општината. Сомнежите се дека токму тоа ѓубре завршило на оваа депонија. „Скопје1“ утринава го контактираше градоначалникот кој е во трка за нов мандат, Бобан Стефковски. Го прашавме дали е запознаен со ова, но одговор не добивме. Два часа подоцна, видовме дека присуствува во Штип на промоцијата на кадрите на партијата за нов мандат.

— реклама —

Во меѓувреме, порталот „360 степени“ објави дека и тие барале објаснување од Гази Баба за отпадот исфрлан на ова место. Оттаму им доставиле некаква белешка дека истиот бил оставен во „Дрисла“. Стои и количината на депониран отпад, но не се знае која количина на отпад е собрана.

— реклама —

Ова не е единствена депонија во општината. Таму се наоѓа и „Вардариште“ за која секојдневно има протести, а пред извесен период гореше. Граѓаните бараат итно решавање на овие еколошки катастрофи кои влијаат врз здравјето на сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

opshtina-gazi-baba

„СДС се мајстори за изигрување на закон“, велат од Општина Гази Баба

Скопје | пред 4 дена

media-libraryatthslbbe2qid9UTCXV

Ноќна акција низ цела Гази Баба: Заврши вонредното прскање против комарци

Скопје | пред 6 дена

media-library0nltfoj32ido4dcA2GO

(Видео) Започна целосна реконструкција на мостот „Естакада“ во Скопје

Скопје | пред 4 седмици

media-librarypihdemjimldj57oAV0V

(Видео) Црн чад над Гази Баба: неофицијално гори депонија во близина на Инџиково

Настани | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања