Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Петрушевски: Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години дозволија да краде

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
petrushevski3

„Сите се откажаа и извинија за Груби, само СДС не се извини зошто со години му дозволија да краде. И ДУИ и Тетовскиот Универзитет сите се дистанцираат од криминалецот и бегалец Артан Груби, сите освен СДС“, кажа Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДС покрај ДУИ се највеќе виновни зошто на Македонија воопшто и се случи Груби. Да не беше нивната желба за власт по секоја цена или ќе воведоа постапка против Груби, или воопшто немаше да дозволат да дојде до тоа.

— реклама —

Нема амнестија за СДС во случајот Груби. СДС знаеле од прв ден што прави Груби. Не може за влада која ја воделе заедно и која заради ДУИ опстојуваше СДС да не знае што се случувало.

— реклама —

СДС доколку сериозно размислува како партија која сака да биде чинител во општеството, треба да се извини зошто го толерирале Груби и што не повеле постапка пред органите во нивно време. А веднаш потоа да ги повикаат на одговорност и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле.

Всушност заради вакви како Груби и многу други од нивните редови СДС и ДУИ ги протуркаа законските измени во Кривичниот законик. Спасувајќи голем број криминалци, но очигледно за среќа на државата и сите нас не можеле да ги спасат сите“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 6 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања