Во близина на Радовиш веќе подолг период проблем претставува градската депонија, од која при пожари и горење се шири густ чад, непријатна миризба и потенцијално штетни материи. Ова дополнително ја зголемува загриженоста кај граѓаните за квалитетот на воздухот и влијанието врз здравјето на населението.
Жителите велат дека веќе петти ден по ред се забележува чад кој доаѓа од депонијата.
На Фејсбук е објавено и видео на кое се гледа како над градот има бел чад, при што граѓаните го коментираат проблемот и бараат итна реакција од надлежните институции.
Во видеото се вели: „Радовиш е мало место, личи на Лондон, во него има триста чуда, дури и една депонија“, што дополнително ја отсликува загриженоста и незадоволството на жителите.
Граѓаните апелираат до надлежните за итно решавање на проблемот и подобра заштита на населението од загадувањето.
„Од чист незагаден град, сега го направија најзагаден“, велат граѓаните.
Градоначалникот на социјалните мрежи упати апел граѓаните да ги почитуваат мерките.
„Поради пожарот на градската депонија, апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето: Општина Радовиш и надлежните служби активно работат на локализирање и гаснење на пожарот“, вели градоначалникот.
Општина Радовиш излезе со итни насоки: Маски, затворени прозорци и ограничено движење, да се избегнува престој на отворено
Општина Радовиш соопшти дека пожарот на градската депонија, кој избувнал во петокот попладне, сè уште не е целосно изгаснат, иако во последните два дена нема активен пламен, туку густ чад што се шири над градот.Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, информираше дека општината, заедно со противпожарните служби и јавните претпријатија, е целосно ангажирана во справување со состојбата.Според него, по препорака на институции со искуство во вакви интервенции, било о
Македонија | пред 1 месец