Промени тема
Контакт

(Видео) Премиерот најави ново намалување: Бензин и дизел поевтинуваат од утре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryaksmc5s1ni1deK69TK1
Влада

Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на цените на горивата за од утре, посочувајќи дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина.

Тој нагласи дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за три денари, оценувајќи дека Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

„Очигледно е дека мерките на Владата придонесоа да сме трета земја во Европа според обемот на мерки кои се имплементирани за да се амортизира енергетската криза и да бидеме држава со најниска цена на горива. Ова го кажува Меѓународниот монетарен фонд“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Премиерот истакна дека Владата навремено реагирала на енергетските предизвици и дека мерките се приспособуваат на глобалните движења на цените преку инструментите како ДДВ и акцизите.

— реклама —

Воедно, тој ја обвини опозициската СДСМ дека ширела невистини во јавноста.

„СДСМ лажеше за мигранти, лажеше дека ќе сме банкротирале, лажеше дека нема да има за пензии, па така излажа и за мерките кои ги применивме. Подготвени ја пречекавме енергетската криза која зависи од геополитичките случувања. Според Меѓународниот монетарен фонд ние сме на третото место во Европа“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 6 дена

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања